Нимиц не даде изјава по средбата со Попоски

Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за прашањето за името Метју Нимиц кој денеска престојува во земјава се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Нимиц по едночасовните разговори со шефот на македонската дипломатија не даде изјава за медиумите. Во соопштението од МНР издадено по средбата се вели дека разговорите биле во насока на надминување на разликите за спорот со Република Грција. Попоски, како што информира МНР, го реафирмира интересот на Република Македонија за скорешен прием во НАТО и во ЕУ. Ја повторил посветеноста на Република Македонија во разговорите за изнаоѓање прифатливо решение со цел придвижување на интегративниот процес.

„Притоа, министерот Попоски уште еднаш се осврна на значењето на Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во однос на прекршувањето на Времената спогодба“, се вели во соопштението од МНР.

Нимиц попладнево треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Медијаторот на ОН утре од Скопје ќе замине за Атина каде што во среда треба да има средби и со грчки државни претставници.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе