Метју Нимиц денеска на разговори со државниот врв

Метју Нимиц, медијаторот за спорот со Грција за името, денеска во Скопје ќе се сретне со државниот врв.

Тој ќе има одделни средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со Никола Поповски, министерот за надворешни работи. Се очекува на средбите да се разговара за актуелните прашања поврзани со спорот со Грција.

Државниот врв на Македонија, по координацијата во претседателската вила Водно во петокот, во пресрет на посетата на Нимиц, даде заклучок дека државата му останува цврсто посветена за надминувањето на прашањето за името, дека активно и конструктивно ќе учествува во процесот и дека тоа го очекува и од другата страна.

Премиерот Груевски, пак, во пресрет на посетата на Нимиц изјави дека треба да се почека и да се види што ќе донесе медијаторот.

Сигурно доаѓа со некакви намери и идеи, останува да ги слушнеме, да ги анализираме и потоа да дадеме изјави“, изјави во петокот Груевски.

Тој нагласи и дека доколку некогаш се дојде до конкретен и прифатлив предлог, тој ќе биде ставен на референдум.

Ќе продолжиме со сите сили и напори да одиме напред, но и со отворени очи да бараме решение што ќе биде доволно добро да го прифатиме и да го понудиме на референдум пред граѓаните“, рече тој.

Медијаторот Метју Нимиц утре од Скопје ќе замине за Атина, каде што треба да има средби и со грчки државни претставници.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе