За да не работи ТЕЦ Неготино, плаќаме 10.700 евра дневно!

Оваа централа се чува како ладна резерва или народски речено, за не дај боже - како резервната гума на автомобил, ја носиш, но не сакаш да ја искористиш никогаш. Друго е прашањето зошто овој капацитет од 1978 година досега не го промени погонското гориво, од мазут на гас.

ТЕЦ Неготино годишно ги чини македонските граѓани 2,8 милиони евра, иако не работи и централата не произведува електрична енергија. Улогата на овој производствен капацитет е да биде ладна резерва во електроенергетскиот систем на земјава. Според официјалните податоци од таа компанија, која е во државна сопственост, секој ден иако компанијата не произведува електрична енергија, нејзиното опстојување чини 10.692 евра. Таа термоцентрала вработува над 200 лица, чија задача всушност е да одат на работа и да чекаат наредба за пуштање во погон.

Оваа производствена електроенергетска станица е втор по големина производител на електрична енергија во земјава со расположива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати. Таа термоцентрала може дневно да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часа струја, со што би можела да задоволи околу 20 отсто од потребите на македонските тарифни потрошувачи, кои годишно за нејзино одржување преку своите сметки за електрична енергија издвојуваат 2,8 милиони евра.

Деновиве оваа „заспана ѕверка“ влезе во фокусот на јавноста токму поради политичките кавги на позицијата и на опозицијата. Паднаа обвинувања на сметка на власта дека овој капацитет се држи на страна наместо да произведува енергија што ни е неопходна во овие денови, а купува скапа увозна струја.

Сепак, реалноста покажува дека ТЕЦ Неготино во овие моменти со оваа цена на мазутот, која според официјалните податоци на Регулаторната комисија за енергетика изнесува 48.750 денари за еден тон, е нерентабилна. Нејзината работа дури и во услови кога е најевтина, односно има највисоко полезно дејство, е поскапа од највисоката понудена цена. За еден ден, односно за 24 часа, таа станица во најдобар режим на работа ќе потроши до 1.200 тони мазут, за кој треба да се платат 58,5 милиони денари. Односно барем 950.000 евра дневно. Тоа значи дека цената на еден мегават-час произведена електрична енергија би изнесувала околу 200 евра. Значи доколку како влезен параметар се земе последната и актуелна цена на килограм мазут, таа централа е неконкурентна.

Поради тоа се чува како ладна резерва или народски речено, за не дај боже - како резервната гума на автомобил, ја носиш, но не сакаш да ја искористиш никогаш.

Друго е прашањето зошто толкав капацитет, изграден и пуштен во работа во 1978 година, не се користи рационално и зошто досега не се направи промена на погонското гориво, поради тоа што мазутот е замена за природниот гас чија цена за производство е драстично пониска од таа на мазутот. Доколку ТЕЦ Неготино добие еден крак од бугарскиот гасовод, оваа централа ќе стане златна кокошка. Особено поради тоа што е проектирана и градена за двојно да го зголеми својот производствен капацитет и да стане силен производител во регионални рамки. Неговата атрактивност ја зголемува близината до Грција, земја што постојано е гладна за увозна електрична енергија, особено во долгата летна туристичка сезона.

А.Д.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе