Супа од шампињони

Приготвување:

Во блендер грубо смелете ги печурките со лимоновиот сок (мелете ги по 3-4 секунди).

Стопете путер во тавчето и динстајте го смелениот кромид на средна температура. Додајте ги печурките, мајчината душица и дафиновиот лист и динстајте на средна температура 10-15 минути, или додека да испари течноста што ќе ја пуштат печурките.

Додајте сол, црн пипер, неутралната хопла и кокошкината супа и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и динстајте 20 минути.

Додајте го пченкарното брашно и динстајте 10 минути повремено мешајќи. По потреба додадете сол, пипер или лимон.

Украсете со сечкан магдонос.

Состојки:

500 г шампињони, сечкани

1 лажица сок од лимон

1 лажица несолен путер

1 кромид, смелен во блендер

1 лажица сечкана свежа мајчина душица (или лажичка сува)

половина дафинов лист

1 лажичка сол

половина лажичка свежо мелен црн пипер

500 мл неутрална хопла

125 мл кокошкина супа од коцка

1 лажичка пченкарно брашно растворено во 1 лажица вода

сечкан магдонос за украсување

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе