Печена француска супа од кромид

 

Приготвување:

Динстајте го кромидот во маслото на ниска температура додека да стане мек и да позлати, околу 20-25 минути.

Напрашете го кромидот со брашното, динстајте уште неколку минути, додека брашното да добие кафеава боја. Додајте ги супата и водата, зголемете ја температурата и оставете да зоврие. Додајте ги дафиновиот лист и мајчината душица. Намалете ја температурата, покријте со капак и со повремено мешање динстајте околу 20 минути. Додајте сол и пипер.

Во меѓувреме испечете ги на тостер парчињата леб, намачкани со путер. Внимавајте да не изгорат.

Кога супата ќе биде готова, поделете ја во 6 огноотпорни сада. Врз секој од нив ставете по 1 парче тост. Поделете го ренданиот кашкавал на 6 дела и наредете го врз секој од тостовите.

Ставете ги огноотпорните садови во широка тава за печење и печете ги во рерна на 200 степени 10-15 минути, додека кашкавалот да почне да пушта меурчиња и да позлати.

Состојки:

3 лажици маслиново или сончогледово масло

4 големи кромиди, сечкани

2 чешниња лук, толчени

2 лажици брашно

750 мл говедска супа од коцка

250 мл вода

половина лажичка сушена мајчина душица

1 дафинов лист

сол и пипер по вкус

6 парчиња тврд леб

3 лажици путер

250 г рендан кашкавал

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе