Вевчански извори станаа државен споменик на природата

Познатите Вевчански извори од денеска и со закон претставуваат споменик на природата, одлучија пратениците на денешната седница.

Предлог-законот беше изгласан од 78 пратеници, а само двајца се изјаснија против.

Целта на прогласувањето на локалитетот Вевчански извори за споменик на природа е заштита и зачувување на изворите во природна состојба.

Вкупната површина на споменикот на природата Вевчански извори изнесува 1.370 хектари.

Законот предвидува со споменикот на природа да управува градоначалникот на општината Вевчани.

За заштита на споменикот на природата ќе се донесе план за управување и годишни програми за заштита на природата во кои се утврдени посебните мерки и активности.

Споменикот ќе биде заштитуван и од посебна чуварска служба што ќе ја формира општината.

Локалитетот Вевчански извори е прогласен за заштитено подрачје уште во 1999 година, со одлука на општинскиот совет.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе