Немири во Атина, горат згради (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Немири се шират низ центарот на Атина, а во масовните протести се палат и згради, додека законодавците се подготвуваат да гласаат за клучниот договор што е неопходен да се спречи банкротот и земјата да остане во еврозоната.


Снимките на телевизиите покажуваат трикатна зграда целосно обвиена во пламен, додека полицијата ја смирува толпата, а пожарникарите се обидуваат да го смират огнот. Меѓу зградите што горат се и една банка, продавница за мобилни телефони, продавница за стакло и кафе-бар, јавуваат одговорните служби. Сè уште не се знае дали имало некого во зградите кога тие биле запалени.

Судири избувнуваат низ целиот центар откако повеќе од 100.000 демонстранти го почнаа својот марш кон парламентот. Тие протестираат против драстичните мерки на штедење, кои ќе предизвикаат масовни отпуштања во државните претпријатија и ќе ја намалат минималната плата.

Полицијата за справување со толпа испука десетици гасни бомби во обид да ги расчисти улиците околу парламентот од протестантите, кои за возврат ги нападнаа со молотови коктели, огномети и парчиња мермер откорнати од луксузните хотели, банки и стоковни куќи.

Властите објавија дека неколку протестанти и полицајци се повредени, додека сè уште не се знае точната бројка на приведените.

Се очекува да надгласа Владата на премиерот Лукас Пападимос – сосема нелогична коалиција на мнозинските социјалисти и нивните главни непријатели, конзервативната Неа демократија – но со минимална разлика.

Комбинирано, тие контролираат 236 од 300-те места во парламентот, но најмалку 20 од пратениците изјавија дека нема да ги поддржат кастрењата наметнати од новите штедачки мерки.

„Има многу малку вакви моменти во историјата на една нација“, изјави министерот за финансии Евангелос Венизелос. „Нашата држава има акутен проблем да преживее. Проблемот не е дали некои пензии или плати ќе бидат намалени, туку дали ќе можеме да ги исплатиме и тие намалените пензии и плати. Кога постои избор меѓу лошо и полошо, ќе го избереш лошото за да го избегнеш полошото“.

Парламентарната дебата почна околу 3.30 ч. попладне, се очекува да трае околу 10 часа и да заврши до полноќ.

„До полноќ вечерва, пред да отворат светските берзи, мораме да испратиме порака дека нашиот народ сака и може“, додаде Венизелос.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шубле за весникот Велт ам Зонтаг изјавил дека Грција „не може да биде дупка без дно“.

„Затоа Грција конечно мора да стави долна граница“, изјавил тој. „За ние повторно да можеме да ставаме таму“.

Молотов коктел експлодира во близина на полицијата за време на протестите во Атина

 

Домашно направена бомба фрлена врз полицијата за време на протестите

Еден од протестантите фрла факел врз полицијата

Полицијата им ги враќа камењата на протестантите

Еден од протестантите помага во гаснењето на тензиите

Ангела Меркел и шефицата на ММФ Кристин Лагард прикажани како лешинари

И Старбакс во пламен...


 

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе