Салата од грав и сланина

Приготвување:

Загрејте го маслото во тава на средна температура. Ставете ги сланината и кромидот. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, или додека сланината да стане крцкава, а кромидот да омекне.

Во тавата додајте ги доматниот сос, водата, медот и сувата пиперка и убаво измешајте. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, и понатаму на средна температура, или додека смесата да згусне.

Додајте го сварениот грав, убаво исцеден. Динстајте мешајќи 3 минути, или додека гравот убаво да се стопли. Додајте го магдоносот. Зачинете со сол и црн пипер. Сервирајте на тост намачкан со путер.

За вегетаријанска верзија на ова јадење, сланината заменете ја со морков или со целер.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

3 парчиња сланина, крупно сечкани

1 мал црвен кромид, ситно сечкан

250 мл доматен сос

125 мл вода

1 лажица мед

1 лажица дробена сува пиперка

400 г грав, сварен

2 лажици сечкан свеж магдонос

Објавено

Четврток, Февруари 9, 2012 - 17:34

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе