Вечното дерби Работнички-МЗТ во минатото (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Главен синоним за македонската клупска кошарка се само две екипи – Работнички и МЗТ Скопје, а нивниот меѓусебен дуел секогаш е вистински празник на спортот со портокаловата топка.

Игор Михајловски

Големите ривали утревечер ќе ги одмерат силите во салата „Градски парк“ на стартот од Суперлигата. На овие средби никогаш не играл улога пласманот на табелата, формата, туку исклучиво мотивацијата и желбата за успех. А тие никогаш не недостигале. Вечното дерби не секогаш носи квалитетна кошарка, но на оние што решиле да го проследат им е загарантирана една работа – возбудата.

Дуелите на играчите на паркетот и на навивачите на трибините може да биде мотив плус за сегашните генерации. Поради тоа, редакцијата на МКД.МК во пресрет на утрешниот меч ќе се обиде да ви ја долови атмосферата како на паркетот, така и на трибините, со десетина фотографии од минатото. Уживајте!

Перо Блажевски во дуел со Марјан Србиновски

Јорданчо Давитков поентира пред Дејан Димов

Симиќ и Србиновски во воздушен дуел со Станковиќ

Битка под кошевите

Не секогаш биле регуларни условите за игра на дерби-мечевите

Даниел Димевски (прв човек на МКФ), како претставник на Работнички протестира кај Камчев, некогашен претседател на КФМ

Трибините секогаш се исполнети до последното место на дерби-натпреварите

Поддршка од трибините има и за едната и за другата екипа

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе