Штерјов во МЗТ, Павловиќ му остана верен на Работнички

Досегашниот центар на Вардар, Александар Штерјов, е нов член на екипата на МЗТ Скопје, која со него го комплетира играчкиот список во пресрет на Суперлигата. Од таборот на екипата од „Градски парк“, пак, информацијата дека српскиот интернационалец Милош Павловиќ ќе го носи дресот на оваа екипа и во продолжението на шампионатот, иако имаше шпекулации дека е пред потпис со Торус. Нова аквизиција има и во тимот на Фени И., кој пред денешниот крај на преодниот рок реши да го ангажира Дарко Радуловиќ од Вардар.

Штерјов, кој во првиот дел од сезоната имаше просек од 13,8 поени и 5,5 скока, всушност се враќа во „Јане Сандански“, каде што настапуваше пред неколку години. Станува збор за 26-годишен кошаркар висок 206 сантиметри, кој треба да им биде од помош на Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски и Ноа Далман во играта под кошевите. „Металците“ претходно го ангажираа црногорскиот интернационалец Никола Вучуровиќ како замена за Ристе Стефанов, кој кариерата ја продолжи во Грција.

„Со Штерјов го комплетиравме тимот за сезонава. Станува збор за добар играч, кој сезонава прикажа добри партии во дресот на Вардар. Сигурни сме дека ќе ни биде од помош во вториот дел од сезоната“, ни изјави Сашо Босилков, претседателот на МЗТ.

Павловиќ, пак, беше во сериозни преговори со третопласираниот тим на табелата Торус, но српскиот кошаркар на крај реши да остане во „Градски парк“ и да му помогне на Работнички во обидот да се обезбеди пласман во плејофот. Најтрофејниот македонски тим во моментов е петтопласиран со три бода помалку од Лирија, која е на четвртата позиција, ни покрај големото заостанување апсолутно никој не помислува на предавање во таборот на оваа екипа.

Радуловиќ, пак, треба да ја засили и онака силната бековска ротација во таборот на Фени И. Тој беше прв стрелец на Вардар во досегашниот шампионат со просек од 17,5 поени по натпревар. Речиси сигурно место во тимот ќе загуби неодамнешната американска аквизиција Соломон Боземан, кој на двете досега одиграни средби не прикажа ништо посебно.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе