Во пост за климатските промени

Леонардо Дикаприо на Инстаграм постираше фотка од Роберт Атанасовски

Еден од најпопуларните холивудски глумци, Леонардо Дикаприо, на Инстаграм објави фотографија на еден од најдобрите македонски фоторепортери, Роберт Атанасовски. Дикаприо со постот се обидува да ја крене свеста за климатските промени, а фотографијата е од фонтаната на градскиот плоштад во Скопје.

„Зголемувањето на температурите, кое предизвикува екстремни временски настани низ целиот свет, може да резултира со зголемување на болестите поврзани со жегата и на умирањата, како и со закана од нови заразни болести, тврдат научниците од универзитетот 'Џон Хопкинс'. Во труд објавен во Журналот за клинички истражувања се вели дека со климатските промени, може да очекуваме да порасне бројот на случаите на грчеви од жега, исцрпување од жега и потенцијално фатални удари од жега. Екстремната жега особено ќе влијае на децата, постарите луѓе, луѓето што страдаат од хронични болести и на оние што живеат во недоволно развиени заедници“, напиша Дикаприо во прилог на фотографијата на Роберт.

Ја користиме оваа прилика за гордо да се поперчиме со други фотки на Роко од истиот ден:

Објавено

Четврток, Февруари 6, 2020 - 19:57

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе