Ако преживее дотогаш

Како ќе изгледа светот за 250 милиони години? (ВИДЕО)

Комичарите Џеј Форман и Марк Купер Џонс од „Мажите со мапи“ фрлаат прилично далечен поглед кон тоа како може да изгледаат сегашните континенти за приближно 250 милиони години. Пред да тргнат напред, тие ја разгледуваат историјата на менувањето на тектонските плочи, како што е случајот со Пангеjа. Токму оваа конкретна историја ни укажува како би можеле да изгледаат континенталните маси во иднина.

Фото: скриншот

Постојат неколку предвидливи модели, меѓу кои се Новопангеја, Аурика („каде што Евроазија се дели на половина и се затвораат и Тихи и Атлантски Океан“), Конечна Пангеја („каде што Велика Британија се приближува до Америка“) и Амазија („каде што околу Северниот пол се собираат сите континенти освен Антарктикот“). Се разбира, овие модели погодуваат само што би можело да се случи, инаку нема гаранции дека Земјата ќе трае толку долго.

Се разбира, чудењето каде ќе се наоѓаат државите за 250 милиони години претпоставува дека земјите, па дури и луѓето, ќе траат толку долго. Во моментов, се чини дека шансите да преживееме поместување на континентите за повеќе од неколку метри се крајно неверојатни бидејќи се бориме со прекумерно население, климатски промени, пандемии, војни, загадување и масовно истребување. Но ако некако преживееме и се најдеме начичкани на еден суперконтинент преполн со еден куп земји без излез на море, барем ќе треба да смислиме како да бидеме пољубезни едни кон други.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе