Првиот трејлер на сезона 4

Ема Корин во улогата на принцезата Дајана во „Круната“ (ВИДЕО)

Излезе првиот трејлер за четвртата сезона на „Круната“, во кој Ема Корин ја глуми принцезата Дајана.

Во клипот, објавен денеска од Нетфликс, ја гледаме и Џилијан Андерсон како премиерката Маргарет Тачер. Џош О’Конор се враќа како принцот Чарлс, додека Оливија Колман ќе може пак да ја гледаме во улогата на кралицата Елизабета Втора. Хелена Бонам Картер уште еднаш ќе ја игра принцезата Маргарет, а Тобијас Мензис се враќа како принцот Филип.

„Ова е материјалот од кој се прават бајките: принц и принцеза на денот на нивната венчавка“, вели гласот што ја придружува злокобната монтажа од слики од врската на Чарлс и Дијана. „Но бајките обично завршуваат во овој момент - со едноставна фраза: Живееја среќно до крајот на животот“.

„Додека мажот и жената ги исполнуваат своите завети, заемно љубејќи се и почитувајќи се - споделувајќи ги животните радости и беди, достигнувања и неуспеси - тие се трансформираат во тој процес“, продолжува нараторот. „Нашата вера го смета денот на венчавката не за место на пристигнувањето, туку за место каде што всушност почнува авантурата“.

Четвртата сезона на „Круната“ ќе биде пуштена на 15 ноември на Нетфликс. Почнува во моментите „кога 1970-тите години на минатиот век се близу крајот“, додека кралицата Елизабета и останатото кралско семејство „се преокупирани со заштита на линијата на наследство преку обезбедување соодветна невеста за принцот Чарлс, кој сè уште не е женет на 30 години“.

„Додека нацијата почнува да го чувствува влијанието на политиките на раздор воведени од првата жена премиер на Велика Британија Маргарет Тачер, се јавуваат тензии меѓу неа и кралицата, кои уште повеќе се влошуваат кога Тачер ја вовлекува земјата во Фокландската војна, раѓајќи конфликт во рамките на Комонвелтот“, додава синопсисот на Нетфликс.

„Додека романсата на Чарлс со младата леди Дајана Спенсер ја овозможува мошне потребната бајка за обединување на британскиот народ, зад сцената кралското семејство станува сè поподелено.“

Објавено

Вторник, Октомври 13, 2020 - 22:18

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе