ВИДЕО

Борат се појави кај Џими Кимел и го натера да си ги соблече панталоните

Борат упадна на интервју во емисијата на американскиот водител Џими Кимел - но водителот не успеа да постави ниту едно прашање.

Саша Барон Коен го донесе својот лик во студиото на Кимел на социјално дистанциран муабет, во кој водителот остана без панталони.

Борат се појави пред филмското продолжение, кое треба да излезе в петок (23 октомври).

Интервјуто веднаш стана хаотично - Борат тврдеше дека може да го забележи коронавирусот како лебди во воздухот.

Потоа почна да ги смачкува тие невидливи „заразни клетки“ со тавче за пржење.

Кимел се виткаше од смеа додека Борат го подбуцнуваше и го боцкаше со преголем термометар. Тој праша дали може да го стави термометарот во „задната дупка“ на Кимел, прашувајќи го: „Зошто се плашиш?“

Водителот се обиде и не успеа да му го одвлече вниманието на ликот на Барон Коен со прашања во врска со новиот филм.

Тогаш Борат ја извади својата „ќерка“, лик што се појавува во продолжението. Таа веднаш побара од Кимел да ѝ ги даде панталоните, а откако овој одби, таа се разгневи.

„Најубаво би било да ѝ ги дадеш панталоните“, рече Борат.

На крајот, Кимел - смеејќи се - прифати и ги соблече панталоните.

Клекнат зад својата фотелја, тој успеа да каже и нешто за филмот.

„Го видов вашиот филм и тој е прекрасен и никој од тие што ве сакаат нема да се разочара“.

„Тој е чудесен и се надевам дека многу, многу Американци ќе го гледаат“, продолжи тој.

Минатата недела беше откриено дека Барон Коен „решил првпат да го соопшти својот вистински идентитет“ за време на едно особено деликатно интервју при снимањето на новиот филм.

Борат 2 ќе може да се гледа на Амазон прајм видео од 23 октомври.

 

Објавено

Среда, Октомври 21, 2020 - 00:38

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе