Болдвиновиот истрел е 43-то фатално пукање на американски филмски сет од 1990

Според процената на Асошиејтед прес (АП), од 1990 година имало 43 смртни случаи на американски филмски сетови, а уште 150 актери или членови на екипажот останале со сериозни повреди како резултат на инциденти, најчесто резултат на неуспешни каскадерски акции изведени на снимање.

Фото: Твитер

На меѓународно ниво, оваа бројка од 2000 година се смета дека е поблиску до 37.

„Секоја година, работниците од двете страни на камерата се осакатувани, палени, кршат коски, па дури и умираат обидувајќи се да обезбедат забава што ги полни киносалите и ги одредува високите ТВ-рејтинзи“, напиша Ентони Макартни од АП, кој до бројките дошол со „чешлање“ низ истраги, судски записи и медиумски вести.

„Повредите доаѓаат не само од очигледни ризици како што се каскадерски активности и експлозиви, туку и од паѓање од скали, превртување на опремата и машини без заштитни опции“.

Од поновите примери, возачот на камион Џон Сатлс загина во пад од камион за време на снимањето на Марвеловите „Одмаздници“ во 2011 година, еден локален градежен работник загина на снимањето на „Блејд ранер 2049“ во 2017 година, а каскадерката Џои Си Џеј Харис загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл додека го снимаше Дедпул 2 во 2018 година.

Алек Болдвин во четвртокот пукнал со реквизит-пиштол на снимањето на својот нов вестерн филм, случајно убивајќи ја кинематографката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Суза. Режисерот во меѓувреме е пуштен од болница.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе