Видео запис на Ди џеј Магија од првиот полициски час

Ди џеј Магија е проект настанат во март годинава за време на првиот полициски час. Членуваат Андреја Салпе и Теа Шалдева, инаку артисти со долгогодишен стаж во македонската алтернативна музичка сцена. На изданието се поместени две композиции, '2020' и 'Sвезда'. Насловната '2020' говори за слатката закоченост на оваа предизвикувачка година, а спотот се користи со снимки од познати ликови од повеќе области на културата самонаправени во карантин. Изданието е под капата на ПМГ рикордингс, а омотот го дизајнираше уметницата Катарина Мрчела.

Во спотот учествуваат: Тино Костадиновски (актер), Драгана Костадиновска (актерка), Нела Витошевиќ (режисерка), Ивана Павлаковиќ (актерка), Димитра Цилевска (музичарка), Васко Атанасовски (Bernays Propaganda), Тина Горовска (Bernays Propaganda) и Виктор Ѓондовски. Дрон снимките од Скопје навечер за време на полицискиот час се изработени од Бојан Спасовски од Skyline Dronography, а монтажер на видеото е Божидар Јовановиќ.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе