МРТ одлучи Васил Гарванлиев да остане претставник на Македонија на Евровизија

Според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев.

Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа поради светската пандемија.

Четириесет и една земја веќе се подготвуваат за Евровизија 2021, за која се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18, 20 и 22 мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од 20 земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година.

Со оглед на непредвидливата состојба со корона вирусот, а со цел да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено одвивање на натпреварот дури и ако се неопходни промени во последен момент. Тоа може да подразбира одржување на шоу со примена на протоколи за социјална дистанца и лимитиран број на публика, интернационален прес и членови на делегациите.

Без оглед на тоа дали ќе биде можно или не патување и присуство на делегациите во мај во Ротердам, сите земји учеснички имаат обврска претходно да обезбедат снимка од настап во живо на својот претставник, кој во секој момент ќе им биде на располагање на организаторите за емитување.

МРТ пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти најдоцна до 27 јануари 2021 година.

Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозиции, треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална и хармонска линија.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе