Зошто никогаш нема да постигнеме ворп-брзина

Понекогаш клатното на нашата верба се занишува предалеку. На пример, нашата перспектива на она што е можно.

Пред ренесансата, многу работи сме ги сметале за апсурдни. Ако сте му кажеле на Хенри Осми дека неговите потомци еден ден ќе носат уред што овозможува речиси инстантна комуникација со секого на планетата, тој можеби ќе ви упател вообразена насмевка, а потоа ќе ве сместел во некоја смрдлива зандана за да не ги нервирате неговите поданици.

Неговиот став денес изгледа тесноград и неимагинативен, па ние природно сме претпазливи кон премногу брзото осудување на некоја чудна идеја. Видовме многу случаи во кои фантазијата станува факт.

Мантрата дека „сè е можно“ ја слушате често - без разлика дали е коментар за патување низ времето или за намалување на луѓето до толку што да ги собере во внатрешноста на крвен сад. Но да бидеме реални: не е сè можно.

Ако некоја појава не е во согласност со физиката, не планирајте дека таа ќе се случи, без оглед колку е напредна технологијата. Па дури и некои однесувања што се дозволени од физиката може да не се случат пред универзумот да снема сила. На пример, постои мала можност карбураторот на мојата хонда квантно-механички да се пробие до некое улично ќоше во центарот на Пекинг додека јас појадувам. Но шансите се толку блиску до нула што дури и ако чекам трилиони години, веројатно нема никогаш да имам таков проблем со автомобилот.

Според тоа, за да ги нервирам оние што можеби планираат викендов да напишат некој научнофантастичен роман или сценарио, составив кратка листа од моите омилени нешта за кои, дури и во оваа неумоливо изненадувачка ера, би се обложил дека никогаш нема да се случат.

Првото е патување побрзо од светлината, или ворп-погон. Ова е толку упадлив инструмент во вселенските сапуници што е како грицкање сончоглед - тешко е да го оставиш. Но тоа е побиено од општата релативност освен во околности толку екстремни што можеби никогаш нема да се покажат употребливи. Се разбира, ако патувате нешто побавно од брзината на светлината, може да го забавите своето стареење.

Како резултат на тоа, идните патувања со екипаж до ѕвездите може да биде можно ако успеете да средите да ги присоберете огромните количества енергија што е потребна. Тоа е инженерски проблем, кој - за разлика од проблемот со физиката - теоретски не е несовладлив. Значи, иако јас би се обложил против ворп-погонот (и Стар трек-иднината), би рекол дека е можен развој на еден „бент-погон“, со кој астронаутите би стигнале до ѕвездите, но засекогаш би го изгубиле контактот со своите врсници. Ајде некој нека ме побие.

Вториот и трендовски предвиден развој е инстантната комуникација. Ова исто така е дел од научната фантастика и е од суштинско значење ако сте добиле задача да создадете галактичка империја. Многу луѓе мислат дека можноста да праќате СМС или да разговарате без вообичаеното доцнење поради брзината на светлината е на повидок, поради (докажаното) постоење на квантната испреплетеност (кога парови или групи честички се генерираат или комуницираат на такви начини што квантната состојба на секоја честичка не може да се опише независно од другите, дури и кога честичките се одделени со големи растојанија, па наместо тоа, квантната состојба мора да биде опишана за системот како целина). За жал, иако квантната испреплетеност е реална, таа не овозможува моментална комуникација. Не ми цимолете, едноставно не може.

Е сега, има една друга група појави што навестуваат навистина импресивни резултати - т.н. „праволиниски“ трендови, работи што со време геометриски се менуваат и што може да го изменат општеството. Тие обично се привремено импресивни, но се ултимативно задушени од ограничениот степен на видливиот универзум.

Симбол за праволиниските трендови е растот на човечката популација. Околу 1970-тите, периодот на удвојување на бројот на светската популација беше само четириесет години. Со други зборови, таа бројка на луѓе може да се зголеми со фактор од четири помеѓу раѓањето и смртта. Ова пумпање тела произведе наплив од кобни предвидувања за глад, болести и иритирачки недостиг од личен простор.

Но ниеден е праволиниски тренд не може да трае вечно. Всушност, како што посочи Исак Асимов пред неколку години, стапката на раст, ако продолжи со несмалено темпо, ќе ја претвори целата маса во видливиот универзум во човечко месо за помалку од седум милениуми. Тоа бар со сигурност може да го наречете строга граница.

Слични аргументи беа давани и за други праволиниски појави, како зголемувањето на компјутерската моќ, познато и како Муров закон. Тоа не може да трае вечно (и навистина, некои тврдат дека веќе е забавено).

Со други зборови, следниот пат кога ќе слушнете вест за праволиниски раст, подобрување или закана, имајте на ум дека сè што можете да кажете за тоа дефинитивно е привремено. Иако можеби не би ви се допаднало како или каде престанува.

Нашата имагинација нема граници, но постојат ограничувања во универзумот. Некои работи нема да се случат, бидејќи едноставно се малку веројатни - како Спајдермен, фонтаната на младоста или инвазијата од вонземјани. Но ако имате таква навика, може да одговорите дека ваквите драматични развои на настаните не ја прекршуваат физиката и според тоа едноставно се само прашање на имање трпение и чекање некој луд научник да смисли нешто во својот подрум.

Сет Шостак,

Ен-би-си

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе