Во Сахара падна снег првпат по четириесетина години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пустината Сахара е последното место на кое би очекувале да најдете снег. Тоа е, на крајот на краиштата, еден од најсушните и најжешки региони во светот, со просечна температура од 30 Целзиусови степени. 

 

Но во еден надреален пресврт на настаните за одбележување на крајот на оваа веќе надреална година, малиот пустински град Аин Сефра во Алжир вчера се разбуди со глетката на црвените песочни дини неочекувано покриени со бело.

Бизарната појава била снимена од аматерскиот фотограф Карим Бушетата.

„Сите беа вчудовидени кога видоа дека во пустината паѓа снег“, рече тој. „Тоа е толку ретка појава. Изгледаше неверојатен снегот паднат врз песокот и излезе голема галерија од фотографии. Снегот остана еден ден, а сега е стопен.“

Ова е само вторпат во сеќавањето на живите снег да паднал во Сахара. Првиот пат беше во февруари 1979 година, исто така во Алжир.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе