НОВОИЗБРАНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГИ СЛЕДИ ТВ-ЕМИСИИТЕ

Трамп се спука со Алек Болдвин на Твитер (ВИДЕО)

Доналд Трамп продолжува да ги напаѓа уметниците: овој пат тие од емисијата „Саботна вечер во живо“ (Saturday Night Live, SNL), велејќи дека се несмешни и пристрасни.

Кратко време откако побара извинување од актерската екипа на бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“ (за кој Трамп рече дека слушнал дека бил „мошне преценет“), новоизбраниот претседател успеал да улови неколку минути на СНЛ, и покрај тоа што сите чекаат да го организира својот кабинет.

„Синоќа гледав делови од 'Сабота вечер во живо'. Тотално еднострано, пристрасно шоу - воопшто не е смешно. Еднаква застапеност за нас?“, напиша Трамп.

Во саботата вечер Алек Болдвин продолжи да го имитира новоизбраниот претседател, во скеч во кој Болдвиновиот збунет Трамп пребарува на Гугл: „Што е ИСИС?“.

Комичарката Кејт Меккинон во скечот ја имитира менаџерката на кампањата на Трамп, Келиен Конвеј, која веќе „се кае“ што му помагала на својот шеф стане претседател.

Скечот дури и успева да вклопи и шега за патувањето на новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс во театарот Бродвеј, каде што тврди дека тој добил „бесплатна лекција“.

„Те сакам Мајк, ти си причината што никогаш нема да ми покренат импичмент“, му вели Трамп на Пенс, пред да ги поништи сите свои предизборни ветувања зашто сега сфаќа дека е премногу сложено да се исполнат.

Забелешките на Трамп не поминаа незабележано: му одговори самиот Алек Болдвин преку твитер-профилот на Фондацијата Алек Болдвин.

„Еднаква застапеност? Изборите завршија. Нема повеќе еднаква застапеност. Сега Сега ти пробуваш да бидеш претседател, а луѓето реагираат. И тоа е тоа“, напиша Болдвин на Твитер.

„Знаеш што би направил јас кога би бил претседател? Би се фокусирал на тоа како да го подобрам животот на што е можно повеќе Американци“, додаде тој.

Трамп, фрустриран од тоа како го прикажува Болдвин, на Твитер рече дека емисијата, која е позната по исмевањето политичари, меѓу кои и Берни Сандерс, Хилари Клинтон и Сара Пејлин - „е одвратна“.

Во интервју за ЕкстраТВ во октомври Трамп рече: „Јас сум многу подобар човек од тоа што тој го прикажува. Тој прикажува некој многу злобен и непријатен, а јас не сум злобен и непријатен.“

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе