СПОРЕД АНКЕТИТЕ

Прво беше брегзитот. Потоа дојде Евровизијата

Линиите на поделба за брегзитот влијаат и на Евровизија, велат анкетарите.

Мнозинството Британци би гласале да ја напуштат Евровизија кога би имало референдум за членството во овој музички натпревар, се вели во анкета на ЈуГов од петокот.

Околу 56 проценти од оние што велат дека дефинитивно би гласале на хипотетички референдум рекле дека ќе гласаат за откажување од настанот. Околу 44 отсто се изјасниле дека би сакале да останат член на Евровизија.

Анкетата покажала дека соодносот на оние за напуштање и оние за останување во Евровизија се слични на оние на референдумот за ЕУ.

Повеќе од 80 отсто од гласачите на УКИП би се повлекле од музичкиот натпревар, а поголем дел од гласачите на либералдемократите (70 проценти), младите (69 проценти) и гласачите за останување во Унијата (65 отсто) би избрале да останат.

Една петтина од испитаниците се изјасниле дека би го следеле саботното финале, од кои 19 отсто се изјасниле дека ќе го гледаат само за да се исмеваат со него. Само 9 проценти од оние што рекле дека ќе гледаат признале дека им се допаѓа музиката.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе