ПОЗНАТИТЕ ХРВАТСКИ ПИСАТЕЛИ

„Фајда, сине, има само твоја оставка“ И Дежуловиќ и Луциќ му порачаа на Груевски да си оди (ВИДЕО)

Познатите хрватски новинари и писатели Борис Дежуловиќ и Предраг Луциќ го поддржаа денешниот протест пред Владата и со песната „Дај да шпијам, мила мајко“ му порачаа на Никола Груевски да даде оставка.

 

 

Дај да шпијам, мила мајко

 

Дај да шпијам, мила мајко,
Да шпијунирам,
Гласовите, мила мајко,
Да архивирам.

 

Како што е златен ролекс
Полн со часови,
Така е и мојто ајфон
Полн со гласови.

Снимам, мајко, дипломати,
Опозиција...
Мојто ајфон секој прати
Ко полиција.

Како што е мојто ајфон
Полн со клипови,
Тако е и мојто Скопје
Полно с кипови.

Каде встанат против мене
Разни протуви,
Има да ме бранат, мајко,
Коњски статуи.

Како што е оваа чаша
Полна с мастика,
Тако е и мојто Скопје
Полно с антика.

Дај да пијам, мила мајко,
Да се опијам,
Демонстранти, мила мајко,
Да заборавам.

Да си земам, мила мајко,
Пушка берданка,
Да на градот Куманово
Правам стреланка.

Ни да шпијаш, мили сине,
Фајда си нема,
Ни да земаш, мили сине,
Пушка берданка.

Фајда има, мили сине,
Сака те мајка,
Фајда, сине, има само
Твоја оставка.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе