Идниот американски претседател

Доналд Трамп блокира на Твитер како утре да ќе има потоп

Откако победи на претседателските избори, централната тема на муабетите на твитерсферата во 2016 година, Доналд Трамп, во голема мера ја користи опцијата за блокирање на оваа социјална мрежа.

Се чини дека контроверзниот твитерџија донел одлука дека ако види дека некој го критикува или не се согласува со неговата политика на неговата омилена социјална мрежа, тој едноставно ќе го удри дигиталното копче „Отпуштен си“, блокирајќи ги несаканите следбеници од својот твитерџиски живот.

Не е убаво, Доналд.

Сега, кога сè повеќе и повеќе луѓе ги споделуваат своите лични приказни „ме блокираше идниот претседател на САД на Твитер“, се чини дека блокирачкиот маневар - вообичаено резервиран за екстремни случаи - станува второто лице на Доналд, вели Машејбл.

Мноштво корисници на Твитер, од збунети до развеселени, соопштуваат дека се блокирани од официјалниот профил на Трамп, а како доказ ставаат и принтскринови од неговиот недостапен профил. Како ова ќе се одвива откако тој ќе влезе во Белата куќа никој не знае.

Од петокот попладне твитер-профилот на Трамп има 16,5 милиони следбеници. Но којзнае колку ќе ги има откако ќе заврши неговата блокирачка треска.

Ах таа политика.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе