Ако Франција - и сите други европски земји - заминат од ЕУ, како ќе го викаме тоа?

Finish, Sweparture, Withdrawsaw, Szech-out, Quitaly, Maltalavista...

Во неделата екстремно десничарската кандидатка на Национален фронт Марин Ле Пен го доби второто место во првиот круг на претседателските избори во Франција, што значи дека во вториот круг од изборите ќе се трка со неискусниот центрист Емануел Макрон. Ле Пен вети дека одново ќе ги преговара условите за членството на Франција во Европската Унија и можеби ќе одржи референдум за напуштање на еврозоната, така што резултатите од првиот изборен круг родија страв од уште една криза во ЕУ во стилот на брегзит.

Најдоброто нешто во врска со брегзитот, очигледно, беше името, па ајде да ја погледнеме светлата страна: ако Франција навистина изгласа напуштање на ЕУ, а и сите други по неа (пу пу пу), ќе имаме широк спектар секакви имиња, наставки и претставки. Еве една мапа од редиторот Безлфорд (врз основа на листата на Кварц од минатото лето) на можни имиња на излегувањата на различни земји од ЕУ, во која има примери како Finish, Sweparture, Withdrawsaw, Szech-out, Quitaly...

Објавено

Вторник, Април 25, 2017 - 16:53

Коментари

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе