„Iridescence“ фустанот е креиран со помош на 2Д шаблони кои се користат за конвенционална облека и софтвер за 3Д дизајнирање. Со дополнителни рендери настанало хиперреално парче облека.
Фустанот е продаден на аукција која била одржана на „Ethereal“ самитот во Њујорк и прогласен е за “првото дигитално модно парче“ на светот.
„Глобалните брендови на пазарот од реалниот свет на модата се натпреваруваат за влегување во дигиталниот моден простор за да се поврзат со “Генерацијата З““ - изјавиле претставници од брендот „The Fabricant“.