Jон Ајди издаде нова песнa

Back Around е насловот на најновата песна на Jon Ajdi (Yon Idy), која жанровски може да се класифицира како поп, со влијание на блуз. Ова е четвртата песна која Jon Ajdi ја издава во период од една година. Видео спотот е снимен во Скопје и Галичник, а негови автори се Фатон Ислами и Бесник Зејнулаи.

Back Around е насловот на најновата песна на Jon Ajdi (Yon Idy), која жанровски може да се класифицира како поп, со влијание на блуз. Ова е четвртата песна која Jon Ajdi ја издава во период од една година. Видео спотот е снимен во Скопје и Галичник, а негови автори се Фатон Ислами и Бесник Зејнулаи.

 За разлика од претходните три песни, кога тој се појавува како комплетен автор, оваа песна ја искомпонира заедно со познатиот Бобан Апостолов – NaBBoo, мулти платиниумски продуцент и композитор. Јон Ајди и Бобан Апостолов – NaBBoo соработуваат и во минатото – двајцата учествуваат во создавањето на песната Knock Me Down на познатиот диџеј Галоски, на која вокалите ги пее токму Ајди.

Трите претходни песни на Ајди – Gentle, Walking the Line of Love и Waste No Love веќе станаа дел од плеј-листите на радио станиците низ Балканот, но и на значителен број радио станици низ Европа.

Јон Ајди е кантавтор од Скопје, кој во своите песни самиот ги пее сите вокали и ги свири акустичните инструменти. Откако целосно се посвети на музиката, тој не престанува со творење. Веќе има подготвено уште една песна, за која останува само да се сними видео спот.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе