Винсент Касел и Марион Котијар играат во филмот „Само крајот на светот“ (ВИДЕО)

Филмското остварување „Само крајот на светот“ на режисерот Ксавијер Долан веќе се прикажува на репертоарот на македонските кина.

Остварувањето, кое е адаптација од претставата на Жан Лук Лагарс, говори за младиот Луис, кој после дванаесет години се враќа во своето родно место за да им соопшти на неговата фамилија дека наскоро ќе умре. Наместо целата ситуација да ја зближи оддалечената фамилија, во домаќинството ќе се пробуди силна емоција и секој ќе реагира на таа вест на свој начин.

Импресивната актерска екипа креира одличен филм следејќи ја тешката приказна. Во филмот играат Винсент Касел, Марион Котијар, Лија Сејду, Натали Бај и Гаспар Улијел.

Ова е првиот Доланов филм во кој, покрај Канада, финансирала и Франција и прв во кој главните улоги се доделени само на француски глумци. Премиерно е прикажан во рамките на главното натпреварување на 69. Кански филмски фестивал, каде ја освои наградата Гран-при.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе