Рамбо Амадеус: Да имаше интернет, СФРЈ немаше да се распадне

Кога политичката елита тука би била рок, јас тогаш би бил алтернатива бидејќи така сум навикнат во животот, порача Рамбо Амадеус нс антивоената трибина „Тивките балкански мнозинства“.

Трибината „Тивките балкански мнозинства" (Tihe balkanske većine) беше одржана во белградскиот Миксер хаус по повод растечките национални тензии во регионот кои се закануваат повторно да го кренат во воздух балканското „буре барут".

На трибината зборуваа музичарот и антивоен активист Рамбо Амадеус, фудбалската легенда на СФРЈ Џевад Прекази и хрватскиот педагог и социолог Борис Јокиќ, како и домаќините на трибината Иван Лалиќ и директорот на фестивалот Егзит Душан Ковачевиќ.

Рамбо истакна дека најпопуларната музика во едно општество секогаш е огледало на политичката елита што го води.

„Многу би сакал најпопуларна музика наместо турбо-фолкот во Србија да е операта или џезот, бидејќи тогаш е лесно да се биде рокенрол алтернатива. Кога турбо-фолкот е најпопуларен како што тоа е кај нас, тогаш си принуден да ги развиваш класиката и џезот, а потоа рокенролот преминува на трето место. Кога политичката елита би била рок јас тогаш би бил алтернатива бидејќи така сум навикнат во животот“, кажа Рамбо Амадеус.

Тој вели дека е уверен дека воопшто не бил популарен сѐ додека не се појавил неговиот сајт.

„Тогаш сфатив дека мојот пазар е стабилен и цврст. „САРС“ никогаш не продале ниедно цеде, иако лесно полнат сали од 8.000 луѓе во Загреб благодарение на интернетот. Нам ни е останата старата навика гледајќи ги мејнстрим медиумите како телевизијата да судиме каква е сцената. Сцената е многу богата и силна и треба само да се ѕирне малку на Јутјуб. Да имаше интернет немаше да се распадне Југославија, бидејќи слободниот проток на информациите ќе ги одвратеше луѓето од лудилото“, кажа Рамбо.

Хрватскиот педагог и социолог и лидер на таканаречените „Курикуларни реформи“ Борис Јокиќ спомна дека она од што политичарите од овие простори се плашат се образованието, знаењето и науката.

„Ќе направат сѐ за да им фрлат магла на луѓето во очи. На овие простори, во овие земји, има толку потенцијал кој е системски уништуван. Причината за тоа е стравот на политичарите во Хрватска тој потенцијал да се ослободи. Единствено ни ја пуштаат маглата на минатото за да не ги видиме сегашноста и иднината“, кажа Јокиќ.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе