брат ѝ Тод Фишер

Починатата Кери Фишер ќе се појави во „Ѕвездени војни: Епизода 9“

Починатата Кери Фишер ќе се појави „од гроб“ во последниот филм „Ѕвездени војни“ од новата трилогија, рече нејзиниот брат Тод Фишер за Њујорк дејли њуз.

По неколкумесечни шпекулации во врска со иднината на Кери во научнофантастичната сага, Тод откри дека шефовите на Дизни сакаат да ја имаат принцезата Леа во Епизода 9. Тој рече и дека ќерка ѝ на Кери, Били Лурд, му ги дала на студиото правата да користи неодамнешни снимки за финалето. Како и да е, за „оживувањето“ на Леа нема да бидат користени компјутерски генерирани слики (ЦГИ).

„Обајцата си велевме, 'Како би можело таа да не биде во тоа?' А одговорот е - не може“, рече Тод Фишер на гала-премиерата на TЦM-филмскиот фестивал во Лос Анџелес, прославувајќи го „Во топлината на ноќта“.

„Таа е исто толку дел од тоа како и сите други и мислам дека нејзиното присуство сега е уште помоќно отколку што беше, како Оби Ван - кога лајтсејберот ќе го пресече, тој станува уште помоќен. Имам чувство како тоа да се случи и со Кери. Мислам дека наследството треба да продолжи.“

До кој степен Леа ќе се појави во приказната не е јасно. „Јас не сум единствениот дел во таа равенка, но мислам дека луѓето заслужуваат да ја имаат“, рече Фишер. „Таа е во нивна сопственост.“

Тој рече дека има целосна верба во филмаџиите дека ќе „направат големи нешта“.

„Не може да се плеткате со ова наследство“, рече тој. „Тоа би било како одново да ја пишувате Библијата. За мене, „Ѕвездени војни“ е светиот грал на раскажувањето и на знаењето и не може да се плеткате со него.“

Фишер изјави дека бил „трогнат“ и „горд“ од избликот на љубов што следуваше по смртта на неговата сестра и нивната мајка Деби Рејнолдс, која почина само еден ден по Кери, во декември. Актерот и режисер рече дека некој од неговите следни проекти може да биде некој вид соработка со неговата почината сестра.

„Кери и јас растевме со волшебен живот, навистина, и има многу приказни за раскажување. Кери и јас всушност и напишавме некои нешта заедно. Многу е веројатно дека кон нив ќе се свртам порано од очекуваното, затоа што ние не мислевме дека приказните ќе завршат. Сега, кога завршија, приказните веројатно треба да бидат раскажани. Во нас има останато некаква магија и многу од зборовите на Кери што останаа неизговорени ќе бидат изговорени.“

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе