Д-р Кристин Блејзи Форд

Леди Гага толку моќно ја бранеше жртвата на Кавано што го занеме Стивен Колбер (ВИДЕО)

Викендов долгомесечните дискусии за дебитантскиот филм на Леди Гага веројатно ќе резултираат со успех на „Ѕвездата се роди“ на благајните. 

Гага вчера гостуваше во „Лејт шоу со Стивен Колбер“ не само за да го најави филмот, туку и да даде моќна и трогателна изјава за д-р Кристин Блејзи Форд и нејзините храбри обвиненија против судијата Брет Кавано.

„Она што го чув на вестите за оваа дебата на Каванао наспроти д-р Форд е една од највознемирувачките работи што некогаш сум ги видела“, почна Гага.

„Јас сум жртва на сексуален напад. Трамп пред некој ден зборуваше на митинг и рече: 'Таа не се сеќава ни како стигнала на забавата. Треба ли да веруваме дека таа се сеќава на нападот?' И одговорот е 'да'... А знам и дека оваа жена е паметна бидејќи таа е психолог - таа не е кукла. Ако некој е нападнат или преживува траума, постои наука и научен доказ, тоа е биологија, дека луѓето се менуваат. Мозокот се менува. Тој ја зема траумата и ја става во кутија и ја става настрана и ја затвора за да можеме да ја преживееме болката. А прави и многу други работи. Може да предизвика болка во телото. Може да предизвика зголемување на вознемиреноста. Може да предизвика целосно избегнување и несакање дури да се сеќавате или да размислувате за она што ви се случило. Но јас верувам дека кога оваа жена видела дека судијата Кавано веројатно ќе биде поставен на највисоката позиција на моќ во судскиот систем на оваа земја, нешто ѝ се активирало и таа кутија се отворила. А кога се отворила таа кутија, таа била доволно храбра да го сподели тоа со светот за да ја заштити оваа земја.“

Ова не е ништо ново за една уметница што долго време се залага за жртвите на сексуален напад и за ЛГБТК-заедницата. Гага можеше слободно да ја почне својата долга оскаровска кампања користејќи го скапоценото време на Колберт за да зборува за себе, но таа го искористи својот статус на една од најголемите ѕвезди во светот - за да ја брани д-р Форд.

Сенатот вчера ја потврди кандидатурата на Кавано.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе