И ПОКРАЈ ТАКВИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Кери Фишер сепак нема да се појави во „Ѕвездени војни: Епизода 9“

Сценариото на Епизода 9 не било напишано во времето на нејзината смрт.

И покрај информациите минатиот викенд дека семејството на Кери Фишер му дало дозвола на Лукасфилм починатата глумица преку стари снимки да се појави во Епизода 9 во 2019 година, претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди, за Еј-би-си њуз изјави дека Фишер нема да биде дел од филмот.

„За жал, Кери нема да биде во Епизода 9“, рече Кенеди. „Но ние многу ќе ја гледаме Кери во 'Последниот џедај'“. Таа рече дека братот на Фишер, Тод, најверојатно ги измешал филмовите кога зборувал минатиот викенд. „Комплетно го завршивме 'Последниот џедај'“, објаснува Кенеди, „и Кери е апсолутно феноменална во филмот“.

Кенеди рече дека во времето на смртта на Фишер, Лукасфилм веќе прилично имал идеја што ќе се случува во Епизода 9, но дека сценариото за филмот сè уште не било напишано. По нејзината смрт, екипата се прегрупирала и почнала отпочеток во јануари 2017 година. Нацрт-сценариото за филмот е завршено.

По смртта на Фишер во декември 2016 година, Лукасфилм соопшти дека нема да користи компјутерски генерирани слики за да ја „оживее“ генералката Органа во последниот филм, како што стори за да ја оживее помладата принцеза Леа во „Одметник еден“.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе