ПО 25 ГОДИНИ

Излезе трејлер за новиот „Твин Пикс“ (ВИДЕО)

Премиерата на новиот „Твин Пикс“ е на 21 мај.

Земете столче, сипете си некое добро кафе и погледнете го новиот трејлер за „Твин Пикс“ со ликовите што не сте ги виделе четвртина век откако серијата престана да се емитува.

Во трејлерот ги има и Биг Ед Харли, Карл Род, Сара Палмер, заменикот Енди Бренан, заменикот Хок Хил и, се разбира, специјалниот ФБИ-агент Дејл Купер. 

Новото „Твин Пикс“ премиерно ќе биде прикажано на 21 мај на Шоутајм, а Дејвид Линч ќе покаже две епизоди и на Филмскиот фестивал во Кан.

Објавено

Петок, Мај 5, 2017 - 14:48

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе