ОД „БИГ ЛЕБОВСКИ“

Џеф Бриџис го оживеа Д Дуд во чест на Џон Гудман (ВИДЕО)

Глумците од култната комедија на браќата Коен од 1998 застанаа заедно на церемонијата на Гудман на Булеварот на славните.

Џеф Бриџис во петокот го воскресна својот многу обожаван „Д Дуд“ од „Големиот Лебовски“, облекувајќи го познатиот волнен џемпер на ликот, во чест на колегата од филмот Џон Гудман на церемонијата за Гудман на холивудскиот Булевар на славните.

Бриџис на бината се качи во костум, па го замени за џемперот на Д Дуд; Гудман го играше неговиот пријател Волтер во култната комедија на браќата Коен од 1998 година, една од најомилените улоги на актерот.

Потоа Бриџис одржа говор во чест на Гудман во стилот на посмртниот говор на Волтер за Дони (кој во филмот го игра Стив Бушеми), пренесе Тајм.

„Тој е добар глумец, тој е добар човек (good man), Џон Гудман“,почна Бриџис. „Тој е еден од нас, тој ја сака природата и глумата. Како шоумен, тој ги има истражено сцените од Лос Анџелес до Њујорк - зборуваме за Бродвеј, човече - има направено и некои чудни филмчиња. И тој живееше, како што толку многу мажи во претходните генерации ги живееја своите животи. Тој е човек на своето време, човек на нашето време, и тој стана легенда.“

„Според она за што ние мислиме дека би било твојата последна желба, на овие тротоари во Холивуд - во пазувите на Холивуд што ти толку добро го сакаш - посветивме ѕвезда“, рече Бриџис. „Ѕвезда за тебе, ѕвезда затоа што те сакаме толку добро... колку е часот? Ден е? Добар ден, мој сладок принцу“.

Во 2014 Бриџис за Ролинг стоун зборуваше за влијанието на Големиот Лебовски, кое глумецот го почувствувал кога неговиот бенд Абајдерс - „Послушници на Д Дуд“, како што се вели во филмот - настапувал на годишниот Лебовски фест во 2014.

„Долго време го немав изгледано целиот филм“, рече тогаш Бриџис. „Па откако отсвиревме, седнав да го гледам со остатокот од публиката. И тоа беше навистина извонредно доживување да се биде во соба со луѓе што толку многу му се восхитуваат на тој филм, и вие само ги чувствувате љубовните вибрации. Тоа беше навистина фантастично.“

Гудман, исто така, се присети на „Големиот Лебовски“ во интервју за Ролинг стоун во 2012.

„Луѓето отсекогаш ми доаѓаа и ми велеа дека им се допаѓа, но во изминатите неколку години сè повеќе забележувам дека луѓето беа помлади, и тоа ме уплаши бидејќи ми беше страв дека ќе доживее некоја чудна судбина да биде култен филм и потоа да биде заборавен“, изјави глумецот. „Навистина сум среќен што на луѓето им се допаѓа. Не би сакал да му се случи нешто лошо.“

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе