Најстариот хотел во Скопје

Вистинската приказна за „Бристол“

Браќата Ташко и Ристо го изградиле познатиот хотел Бристол од својот капитал, но не се занимавале со хотелиерство, туку го изнајмувале објектот. Тие богатството го спечалиле со трговија на големо и важеле за угледни и чесни скопски трговци. Смртта на Ристо Караџа го означила крајот на фирмата која по ослободувањето била национализирана. Истото се случило и со хотелот Бристол.

Легендарниот хотел „Бристол“, кој денес е затворен, е најстариот угостителски објект во Скопје. И со неколку реновирања тој ја имаше задржано убавината од 1924 година, кога го изградиле браќата Атанас или Ташко и Ристо Караџа. Атанас и Ристо Караџа биле ценети скопски трговци и овој објект го изградиле како желба во нешто вносно и добро да го вложат својот капитал. Сместен веднаш до тогашната железничка станица, хотелот „Бристол“ навистина носел голем приход, но браќата Караџа никогаш не се занимавале со хотелиерство, туку само го изнајмувале објектот, а самите продолжиле со основната дејност – трговија на големо.

За историјата на ова познато скопско семејство ни говореше Златко Васков, внукот на Ташко Караџа, кој во детали ни го предочи развојниот пат и судбината на дедо му по мајка.

Првите потомци на Караџа дошле од местото Коцирас, кое порано било во Грција, а денес е во Албанија, и се населиле во Велес. Таму се родени браќата Караџа, Ташко и Ристо, со сестра им. Како најстар син во семејството Ташко во 1887 година, кога имал само 12 години, дошол во Скопје за да работи и да учи некој занает. Се вработил кај трговецот Ќучук Петре Атанасов и му помагал во трговијата на големо. Кога собрал некој динар, го повлекол и брата си Ристо и заедно работеле. Ова чиракување, освен заработувачка, им овозможило и да научат нешто повеќе за трговијата на големо, што ќе им стане животна определба.

Отворање на фирмата и хотелто Бристол

Подоцна во Скопје дошла и сестра им, која се омажила за Андровиќ. И кога овие краишта се ослободиле од Турците, во 1912 година, браќата Караџа и нивниот зет Андровиќ отвориле фирма под име „Караџа, Андровиќ и компанија“. Фирмата била за трговија на големо. Главно продавале колонијална стока – масло, шеќер, урми, банани. Бидејќи стоката пристигнувала во пристаништето во Солун, Ташко со семејството се преселил таму за полесно да може да ги набавува стоките што доаѓале со големите бродови. Во Солун заминал со жена му Андромаки, која била 15 години помлада од него и која му родила седум деца, од кои само пет останале живи – Јорго, Јани, Марика, Нафсина и Елена – Бебека. Ристо и жена му Флора немале деца, па се грижеле за внуците од братот како за свои.

Трговијата на големо на фирмата одлично и одела. Парите се таложеле и се вложувале во недвижнини. Најзначајната од нив е хотелот Бристол, кој свечено бил отворен на 24 април 1924 година, и веднаш е даден под наем. Под наем ја дале и станбената зграда на два ката на улица Петар Драпшин број 15, отспротива кафеаната Москва, во строгиот центар на Скопје.

Ристо и Флора имале живот како на сите богати скопјани. И Ташко во Солун живеел на висока нога, но главна грижа му била школувањето на децата. Сите учеле во елитни училишта, што било голема желба на Ташко.

Во 1927 година, зетот Андоновиќ се повлекол од фирмата, но го оставил капиталот и живеел од рента. Така фирмата продолжува да работи под името „Браќа Караџа“ што ќе го носи се до 1947 година, кога Законот за национализација престанал да постои.

Национализација на хотелот

Во 1931 година од плеврит умира Ташко Караџа во Солун. Бидејќи бил ценет и богат трговец на неговиот погреб имало многу луѓе, а како знак за почит гробот му бил покриен со 50 венци. Дури подоцна, посмртните останки на ташко се пренесени во Скопје, во заедничката гробница Караџа, каде што се погребени сите членови на семејството. Андромаки со своите деца уште неколку години останала во Солун, бидејќи било потребно време тие да го завршат школувањето. Семејството се враќа во Скопје во 1933 година и купуваат голема куќа кај пазарчето Буњаковец. Грижата за децата на Ташко ја презел братот Ристо, кој иако бил престрог, не дозволил внуците и жената на братот да живеат бедно. Фирмата „Браќа Караџа“ продолжила да работи, и хотелот Бристол, а местото на Ташко го зазел син му Јани.

Со стекнатиот капитал купувал скап и богат џеиз за ќерките на Ташко. А вдовицата Андромаки го продолжила животот многу скромно и главна цел и била грижата за децата. Почетокот на Втората светска војна ја запрела работата со трговијата на фирмата „Браќа Караџа“, а воените денови биле тешки и за ова семејство. Како жртва на окупаторот загинал и Ристо Караџа. Тој е еден од 12-темина што германските војници ги стрелале на 3 ноември 1944 година на Камениот мост, кога се повлекувале од Скопје. Луѓето биле скриени во едно од засолништата во близина на мостот, но во бесот окупаторите ги пронашле невините граѓани, ги извадиле од засолништето и ги стрелале. Меѓу нив се нашле и газда Ристо Караџа и неговиот внук од сестра Андоновиќ, па нивните имиња севпишани на спомен-плочата што стои на крајот од Камени мост.

Прочуен по најубавите чорби

Смртта на Ристо Караџа го означила крајот на фирмата која по ослободувањето била национализирана. Истото се случило и со хотелот Бристол, како и со станбената зграда во центарот на Скопје. Единствено за некои ниви и лозје на падините на Водно, на семејството им е платен некој скромен надоместок, а сето друго богатство исчезнало како и да го немало.

И покрај тоа децата на Караџа продолжиле да живеат во Скопје, како претставници на почитуваното семејство. Денес презимето го носат нивните внуци и правнуци, кои ја продолжуваат лозата на ова познато семејство, на првите градители и основачи на хотелот „Бристол“.

Марина Апостоловска

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе