Концерт на Оливер Драгојевиќ во арената Борис Трајковски

На 29 ноември со почеток во 21 часот во спортската арена Борис Трајковски концерт ќе одржи Оливер Драгојевиќ.

На концертот хрватскиот музичар ќе го промовира својот нов албум насловен Тишина мора, кој беше објавен во мај годинава од Кроација рекорд.

Освен 11-те нови песни од албумот Драгојевиќ во текот на неколкучасовниот концерт ќе ги изведе и познатите постари хитови, а гостин ќе биде Петар Грашо.

Организатор на концертот на Драгојевиќ е туристичката агенција Гуливер која најави дека билетите ќе бидат пуштени во продажба на добро познатите места од 5-ти октомври.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе