Игор Џамбазов слави 50 години со мултимедијален концерт

По повод педесеттиот роденден, јубилејни 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога, како и 20 години од неговиот прв албум и соработка со неговиот музички гуру Игор Атанасовски – Харе, Игор Џамбазов подготвува големо мултимедијално шоу.

Концертот во организација на Горила продукција ќе се одржи на 1 ноември (петок) во големата сала на спортскиот комплекс Борис Трајковски, а организаторите очекуваат 10.000 Џамбољубители од цела Македонија.

На концертот ќе се случува всушност рекапитулација на бурниот боемски живот на Игор и потсетувања на неговите најголеми хитови. На сцената Игор ќе биде придружуван од Гуру Харе и музичарите што свиреа со Тоше Проески засилени со уште неколку познати музичари.

Гости на концертот се Калиопи, Тамара, Елена Ристевска, Влатко Илиевски, Пере и Франц од Нокаут, хорот на Златно славејче под диригентско водство на Александар Џамбазов и колегите глумци Сашко Коцев и Тони Михајловски.

Се очекува на концертот и вклучување во живо на Раде Шербеџија, а повеќе наши уметници и институции најавија специјални изненадувања за повеќекратниот јубилеј на Џамбазов.

Горила продукција најавува спектакл, и додава „тоа е збор што Игор не го сака многу зашто како што вели многу најавуваните спектакли кај нас завршуваат како обични селски приредби“.

Концертот во режија на Бојан Трифуновски ќе трае околу три часа.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе