Седум фази на тагувањето

Откако ќе си признаете дека нешто се случува, тогаш ве преплавуваат емоциите.

Тагата е универзално чувство што сите ние сме го запознале.

Тагата не е со ист интензитет кај сите луѓе, ниту пак трае еднакво кај сите, но сите сме ја доживеале.

Еве неколку фази низ кои ќе поминете во процесот на тагувањето.

 1.Негирање

Многу често лоши работи ни се случуваат и тешко е да се разбере што всушност ни се случило. Во ваков случај прва фаза е негирањето на развојот на настаните. Оваа фаза трае подолго од останатите фази.

 2. Емоции

Откако ќе признаете дека нешто ви се случува, ќе ве преплават емоциите. Со оглед дека е многу тешко да се контролираат чувствата, оваа фаза е онаа во која постојано ќе плачете.

 3. Депресија

По втората фаза доаѓа фазата на депресија што не менува многу брзо, а ако се работи за сериозна депресија таа може комплетно да смени една личност.

 4. Каење

По депресијата и тагата најверојатно ќе влезете во фазата наречена: ,,што ако” или во фазата на каење, кое ќе ве поттикне да размислувате како можела да се спречи оваа ситуација.

 5. Прифаќање

Поминувањето низ сите досега спомнати фази не води до она кога работите тргнуваат на подобро, а тоа е фаза на прифаќање на ситуацијата и преземање на контролата над емоциите.

 6. Надеж

Во оваа фаза луѓето што тагувале почнуваат да гледаат кон иднината. Иако понекогаш се чувствуваат тажни, сепак можат да функционираат нормално.

 7. Соочување

Последната фаза од тагувањето, кај некои доаѓа порано, а кај некои подоцна. Во оваа фаза најуспешно се носиме со животните промени.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе