Најважниот ден во животот

Две третини од жените си ја испланирале свадбата и пред да го запознаат младоженецот

Некои од жените најважниот ден во животот го планираат од најмала возраст.

Дури две третини од жените признале дека во главата веќе имаат филм за тоа како ќе изгледа нивната венчавка, иако можеби уште немаат младоженец, а во просек веќе од 13-та година почнуваат да ја замислуваат својата венчавка.

Ова го покажа истражувањето на фирмата Интерфлора на нешто повеќе од 600 жени. Така, според нив, шест од десет жени, иако се слободни, ќе ги испланираат деталите во врска со својата идна венчавка, како на пр. какво цвеќе ќе имаат.

Истражувачите тврдат дека всушност станува збор за милиони жени, кои сè уште го бараат господинот „Вистински“, но веќе ги прегледале материјалите за венчавка и размислувале за црквата во која би сакале да се венчаат, какви фустани ќе имаат девериците и која ќе им биде старосватица на венчавката, а 58 отсто ова никогаш не би му го признале на своето момче.

За повеќето од нив венчавката од соништата подразбира убав фустан, цвеќе и убаво време.

Тоа во бројки изгледа приближно вака:

6 отсто од нив веќе ја знаат датата на венчавката.

12 отсто знаат каква свадбена торта сака.

17 отсто размислувале за свадбеното мени.

20 отсто веќе знаат каква фризура сакаат, а 23 отсто какво цвеќе сакаат.

31 отсто од нив одбрале старосватица и деверици.

32 отсто знаат каде ќе одат на меден месец, а 49 отсто каква венчаница ќе имаат.

A сето тоа и пред да го запознаат младоженецот.

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе