Вести

За прв пат по падот на Мариупол во руски раце, брод вплови во пристаништето на тој град за да натовари метал и да го пренесе во Русија. Киев го нарече потегот „грабеж", пренесе Ројтерс.

28 Мај 2022 - 21:01

Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц им рекол дека испораката на оружје за Украина е опасна, предупредувајќи „на ризиците од дополнително дестабилизирање на ситуацијата и влошување на хуманитарната криза", соопшти Кремљ.

28 Мај 2022 - 18:58

Ширењето на вирусот на мајмунски сипаници може лесно да се ограничи со вистински мерки, рече шефицата на одделението за пандемија во Светската здравствена организација (СЗО) Силви Брајан.

28 Мај 2022 - 17:29

Руското министерство за одбрана објави дека Лиман, град во регионот Доњецк, е под „целосна контрола" на руските сили и проруските сепаратисти.

28 Мај 2022 - 15:03

Русија изврши успешно тестирање на хиперсоничен крстаречки проектил „циркон“, објави денес руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот летал околу 1000 километри, пренесе Ројтерс.

28 Мај 2022 - 14:26

САД треба да дадат предност на финансирањето на безбедноста во училиштата, а потоа да обезбедат помош на Украина, рече поранешниот претседател Доналд Трамп неколку дена откако во Тексас беа убиени 19 ученици.

28 Мај 2022 - 13:07

Украинската православна црква се одвои од Московската патријаршија и прогласи целосна независност додека Русија ја продолжува војната со својот сосед.

28 Мај 2022 - 10:39

Хелсинки не ги поздравува отстапките на патот на Украина во Европската унија, рече финската премиерка Сана Марин во интервју за порталот Иле.

28 Мај 2022 - 10:23

Украинските сили можеби ќе мораат да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, тврди гувернерот на источниот украински регион Серхи Хаидаи.

28 Мај 2022 - 08:55

Генералниот директор на компанијата ГТС оператор Украина, Сергеј Макогон, изјави дека побарал од германската влада да го исклучи гасоводот Северен тек 1 и наместо тоа предложил снабдување со гас преку украинскиот систем за транзит на гас.

28 Мај 2022 - 00:38

Медиумската мрежа Ал џезира најави дека ќе поднесе тужба во Меѓународниот кривичен суд во Хаг за убиството на нејзината новинарка Ширин Абу Аклех за време на израелска рација на Западниот брег.

28 Мај 2022 - 00:26

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 7 јуни доаѓа во Белград, дознаваат српските медиуми. Тој во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Лавров во Србија ќе дојде три дена пред германскиот канцелар Олаф Шолц, прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина.

27 Мај 2022 - 23:54

Рускиот претседател Владимир Путин е спремен да преговара за житарките кои во моментов стојат во украинските пристаништа, кажа австрискиот канцелар Карл Нехамер по телефонскиот разговор со рускиот лидер. Путин е спремен и на рамена на заробеници и ветил дека ќе разговара со Киев за тоа прашање, кажа австрискиот канцелар по 45-минутниот разговор.

27 Мај 2022 - 23:49

Соединетите Американски Држави шират лажни информации и ја преувеличуваат заканата од Кина, смета кинеската влада. Во одговорот на говорот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Кина, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин ги обвини САД дека се мешаат во кинеските внатрешни прашања и за дискредитирање на нејзината внатрешна и надворешна политика.

27 Мај 2022 - 23:41

Проруските бунтовници се заканија дека ќе убијат тројца заробени странски борци кои се бореле на страната на Киев. Истрагите за двајца Британци и еден Мароканец се готови, соопшти портпаролот на кабинетот на бунтовничкиот обвинител.

27 Мај 2022 - 23:22

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе