Зукерберг: Дезинформацијата е главна безбедносна закана

Содржината на Интернет треба да биде регулирана со систем што би бил нешто помеѓу постојните правила што се користат за телекомуникациските компании и медиумската индустрија, изјави во саботата извршниот директор на компанијата Фејсбук, Марк Зукерберг пред глобалните лидери и шефови за безбедност.

Говорејќи на конференцијата за безбедност во Минхен, Зукерберг рече дека Фејсбук ја унапредил својата работа во борбата против мешањето во националните избори преку интернет, и рече дека компанијата напредувала во борбата против безбедносните закани на денешницата.

„Традиционалното хакерство не е веќе главно безбедносно прашање. Сега ова се дезинформациите“, рече Зукерберг, додавајќи дека компанијата вложува напори во борбата против руските тролови. Тој, исто така, ги поддржа напорите на западни пратеници да донесат закони да ја задушат кинеската технолошка доминација.

Фејсбук и другите гиганти на социјалните мрежи, како Твитер, се под зголемен притисок за подобро да се спротивстават на владите и политичките групи кои ги користат нивните платформи за ширење лажни и погрешни информации.

Зукерберг рече дека тој сега вработува 35.000 луѓе кои ги пребаруваат содржините на интернет и спроведуваат безбедносни мерки. Тие тимови и автоматизираната технологија на Фејсбук моментално суспендираат над милион лажни сметки секој ден, рече тој, додавајќи дека „повеќето се откриени во рок од неколку минути по отворањето на сметката“.

„Нашиот безбедносен буџет денес е поголем од целиот наш буџет кога излеговме во јавност во 2012 година“, рече тој.

Компанијата Фејсбук во текот на изминатата година собори неколку мрежи тролови и страници за ширење дезинформации. Таа исто така јавно обвини актери во Русија и Кина за ширење дезинформации.

Многу западни безбедносни службеници се обидуваат да ги прилагодат традиционалните безбедносни одговори на новите закани, како што се дезинформациите - и бараат технолошките компании да преземат поголема одговорност.

Системот што го има Фејсбук „генерално се подобрува“, рече Зукерберг, истакнувајќи дека нивните алгоритми сега регистрираат 90 проценти од терористичките пропаганди.

„Говорот на омраза претставува поголем предизвик“, рече тој, „затоа што треба да ги научиме системите на вештачка интелигенција да воочат навистина мали разлики“.

Фејсбук се најде на мета на жестоки критики од европратениците за дозволување ширење на говор на омраза, лажни вести, собирање на огромни количини на податоци и непочитување на приватноста на корисниците. Постојат неколку истраги против оваа компанија во Европа за кршење на законот за приватност.

Зукерберг, кој денес во Брисел треба да се сретне со претставници на Европската комисија, рече дека ЕУ и другите институции треба да утврдат правила така што Фејсбук не мора да одлучува што е говор на омраза или да ја проценува вистинитоста на информациите.

„Треба да има повеќе упатства и регулативи од државите за она што се смета за мешање во избори и штетна содржина“, рече основачот на Фејсбук.

„Мислам дека треба да има правила во врска со штетните содржини... но постои прашање за тоа каква рамка треба да се користи за тоа“, рече Зукерберг кога одговараше на прашања од новинарите.

„Во моментов постојат две рамки за постојните индустрии - онаа за весниците и постојните медиуми, а потоа постои и моделот за телекомуникациските компании, кој работи на принципот 'податоците само протекуваат низ вас', но нема да ја сметате телекомуникациската компанија за одговорна доколку некој каже нешто штетно преку телефон”.

„Јас всушност сметам дека ние треба да бидеме некаде помеѓу тие два модела“, рече тој.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе