Зоолошка градина во Америка вакцинираше девет мајмуни против коронавирусот, влегоа во историјата (ВИДЕО)

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего, четири орангутани и пет бонобо, се вакцинирани против ковид-19, со што влегоа во историјата на медицината, соопштија одговорните во зоолошката градина вчера.

EPA-EFE

Една од примателките на вакцината е 28-годишна женка орангутан Карен која во 1994 година била првиот човеколики мајмун на кој му била направена операција на отворено срце. Секое од деветте животни добило по две дози од експериментална вакцина изворно наменета за кучиња и мачки. Ниеден од мајмуните немал лоша реакција на вакцината и сите се добро, кажа портпаролката на зоолошката градина Дарла Дејвис за Ројтерс.

Вработените во зоолошката решиле да ги вакцинираат мајмуните откако во јануари горила во Сан Диего сафари паркот заболеле од ковид-19, во првата позната трансмисија на коронавирусот врз човеколики мајмуни. Осумте горила од тогаш се опоравиле и се на пат кон целосно оздравување, кажа Дејвис.

Горилата сега не се вакцинирани бидејќи ветеринарите оцениле дека нивниот имунитетски систем веќе развил антитела за борба против вирусот. Се претпоставува дека горилата ги заразил асимптоматски вработен во паркот.

Орангутаните и бонобата се избрани за вакцинирање бидејќи е оценето дека се во најризичната група.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе