Шефот на индонезиската полиција

Жената била измамена да го убие полубратот на Ким Јонг-ун

Индонезијката уапсена под сомневање дека е вмешана во атентатот на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Малезија била излажана и мислела дека тоа е дел од мајтапчиски скеч, рече денеска шефот на индонезиската полиција.

Тито Карнавиан за Асошиетед прес рече дека Сити Ајша, 25, добила пари за да учествува во шеговит скеч за „Само за смеење“, популарна ТВ-емисија. Тој рече дека таа и друга жена ги убедувале луѓето да ги затворат очите, а потоа ги прскале со вода од распрскувач.

„Таква акција била направена три или четири пати и за тоа им биле дадени неколку долари, а кај последната цел, Ким Јонг-нам, наводно, во распрскувачот имало опасни материи“, рече Карнавиан за АП.

„Таа не била свесна дека тоа било атентат од наводни странски агенти“, рече тој.

Малезиската полиција во четвртокот изјави дека уапсила и трето лице во врска со атентатот на Ким Јонг Нам. Малезиецот, момче на втората осомничена и уапсена, беше уапсен во средата вечер, соопшти полицијата.

„Тој не е главниот осомничен“, изјави официјален претставник на полицијата Абдул Сама за малезискиот веб-сајт Малај мејл онлајн, пренесе Ју-Ес-Еј тудеј. „Го уапсивме затоа што ни беа потребни повеќе информации во врска со второосомничената. Тој ѝ е момче. Кога го фативме, преку него успеавме да ја уапсиме второосомничената“, рече тој.

Малезиската полиција во средата уапси 28-годишна девојка со виетнамски пасош на име Доан Ти Хуонг, која е првоосомничена.

Малезискиот веб-сајт Бернама објави дека телото ќе му биде дадено на семејството или на севернокорејската амбасада, откако ќе завршат полициските и медицинските процедури.

Ли Бјунг Хо, директор на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, рече дека Ким бил убиен со отров во нападот во понеделникот. Аутопсијата беше завршена доцна во средата, но резултатите не се објавени.

Ким Јонг Нам, најстариот од тројцата синови на покојниот диктатор Ким Јонг Ил, требаше да го наследи својот татко во комунистичката династија, но падна во немилост кај него. Со години живееше во странство, во Кина, Сингапур и Макао. Тој беше критичен кон режимот во татковината и скептичен за способноста на својот полубрат да ја преземе власта во земјата кон крајот на 2011. „Режимот на Ким Јонг Ун нема да трае долго“, изјави тој.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе