Жестока расправа

Згреши ли Базфид со објавувањето на непроверените информации за Трамп и Русите?

Порталот Базфид стана жариште на расправата околу новинарската етика откако одлучи да го објави документот од 35 страници во кој се наведени драматични, но непотврдени обвинувања за врските меѓу руската влада и Доналд Трамп.

Спорниот документ, извештајот што го подготвил поранешен британски разузнавач, циркулирал меѓу високопозиционираните функционери и некои новинари уште од есента. Разузнавачки функционери неодамна им испратиле скратена верзија на две страници на Доналд Трамп и Барак Обама, пренесува Њујорк тајмс.

Си-ен-ен, кој прв ја објави веста, реши да не ги вклучи обвиненијата содржани во досието, порачувајќи дека нивните новинари не успеале да ги потврдат. Меѓутоа, еден час подоцна, Базфид, во спротивност со вообичаената новинарска практика, го објави документот во кој детално се опишани сите непотврдени обвинувања што Си-ен-ен ги најави.

Базфид напиша дека го објавуваат целосниот „документ“ за Американците самите да решат за обвинувањата околу изборот на претседател.

Бен Смит, главниот уредник на Базфид, одби да коментира што било поврзано со написот, иако под него се потпишани тројца новинари од неговата редакција. Во пораката која првин ја испратил на својот персонал, а подоцна ја објави на Твитер, напиша:

„Нашиот главен принцип е да бидеме транспарентни во нашето новинарство и да го споделиме она што го имаме со читателите. Секогаш сме грешеле со издавањето. Во овој случај, документот циркулирал околу највисоките институции на американската влада и медиумите. Објавувањето на документот не беше ни лесна ни едноставна одлука и луѓето можеби нема да се сложат со нашиот избор. Но, објавувањето на досието покажува како ние гледаме на новинарската работа во 2017 година“.

Одлуката на порталот, освен тоа што ги вжешти околностите околу новоизбраниот американски претседател, го постави и прашањето на улогата и кредибилитетот на традиционалното сфаќање на медиумите во денешниот забрзан и поларизиран свет.

Особено е спорно користењето непотврдени информации од анонимни извори, кои само го засилуваат ефектот на таканаречените лажни вести. Тешко е да се избегне чувството на пристрасност кога се читаат написи кои потекнуваат од непотврдени извори.

Дури и на социјалните мрежи, некои лево ориентирани новинари, кои се инаку против политиката на Трамп, изразија скептицизам кон веста на Базфид. Глен Гринвалд, новинарот кој учествуваше во објавувањето на информациите на Сноуден за владиното надгледување, напиша: „Анонимна личност, која тврди дека е поранешен британски шпион и разузнавач, кажала дека анонимни луѓе нешто ѝ кажале“.

Нормално, објавата на Базфид кај многумина беше дочекана со одобрување, особено кај оние што изразија загриженост за тоа што новинските агенции и владините функционери и претходно не го објавиле документот. Речиси веднаш по објавувањето, од круговите блиски на Хилари Клинтон прашаа зошто тврдењата не излегле порано во јавност.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе