Синоќа во 23 часот се почувствуваа серија земјотреси во текот на ноќта долж јадранскиот брег, но и во поголемиот дел од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Силно се почувствувал во Далмација и во голем дел од Босна и Херцеговина.
Сеизмолошката служба на Хрватска извести дека со магнитуда од 6.1 степени епицентарот е во Херцеговина. ЕМСЦ претходно извести за јачина од 5.7 степени.
Земјотреси се почувствувани и во Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово, Италија и Словенија.