Земјотрес со јачина од 8,2 забележан кај Алјаска, издадено предупредување за цунами (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 8,2 по Рихтер е забележан кај брегот на Алјаска.

Screenshot

Многу силниот земјотрес е забележан околу 90 километри источно од градот Перивил на Алјаска, а се случил околу 22:15 часот по локално време.

Земјотресот е забележан на длабочина од 46,7 километри, што се смета за плиток земјотрес. Имено, Американската геолошка агенција земјотресите од 0 до 70 километри длабочина ги смета за плитки.

Издадено е предупредување за цунами.

По големиот забележани се уште два силни земјотреси со јачина од 6,1 и 6,3 степени по Рихтер и неколку послаби.

Полицијата во Кодијак, најголемиот град на истоимениот остров, ги советувала жителите одат на повисока локација, а средното училиште е отворено за потенцијална евакуација.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами ја истражува можноста за цунами и на Хаваите, а нивото на опасност од цунами се проценува и за уште неколку делови на американскиот и канадскиот брег.

Јапонската метеоролошка агенција ја истражува можноста за цунами на брегот на Јапонија.

Сè уште нема информации за човечки жртви и штета.

Алјаска е дел од Тихоокеанскиот огнен прстен, изразито трусно подрачје кое се протега од Алјаскиот залив до рускиот полуостров Камчатка.

Во март 1964 земјотрес со магнитуда од 9,2, најсилниот некогаш забележан во Соединетите Американски Држави и втор најголем во светот, ја погодил Алјаска. Траел неколку минути и предизвика разорен бран кој го погодил американскиот западен брег, при што загинале над 250 луѓе.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе