Земан: Русите што бегаат од мобилизација заслужуваат азил во Чешка, како и Украинците

Претседателот на Чешка, Милош Земан, се спротивстави на одлуката на владата да не ги прими Русите што бегаат од мобилизација во Чешка и во интервју за телевизијата Прима предупреди дека луѓето што бегаат од Русија не претставуваат безбедносен ризик и дека треба да им се дадат хуманитарни визи.

Фото: ЕПА

„Мислам дека на тие луѓе треба да им дадеме хуманитарни визи, како и на украинските бегалци. Човек што бега од Русија не е безбедносен ризик. Оваа мобилизација опфаќа милион луѓе, така што сосема е јасно дека тоа е топовско месо со сѐ што оди со тоа“, рече чешкиот претседател.

Шефот на дипломатијата, Јан Липавски, кон средината на оваа недела изјави дека Чешка нема да дава хуманитарни визи за Русите што бегаат од мобилизација бидејќи не ги исполнуваат условите, но премиерот Петр Фијала го поправи својот министер и рече дека Прага ќе ги третира потенцијалните руски дезертери како и секое друго лице што бара азил во Чешката Република.

„Доколку некој дојде, неговото барање ќе биде оценето во рамките на стандардната процедура за добивање азил. Нема сигнали за прилив на Руси што би сакале да избегнат владина мобилизација“, рече чешкиот премиер.

Чешка, прва од членките на Европската Унија, ден по рускиот напад на Украина, на 25 февруари, самоиницијативно го суспендира издавањето визи за руските граѓани. Подоцна ова го прошири и на Белорусија, а единствен исклучок се хуманитарните визи, меѓу нив и оние за прогонетите противници на режимот во тие две земји.

Претседателот Милош Земан во вчерашното интервју за ТВ Прима оцени и дека во Русија е можна промена на режимот, без разлика дали е иницирана од бизнисмени или од армијата, и дека споредбите на рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер се неправедни.

„Армијата покажа толку голема неспособност што нема да биде иницијатор за никаква промена, деловните можности се ограничени со санкции, а не зборувам за одземањето на јахти. Кога би имало политички промени, тоа би го гледал како притисок од деловните кругови“, рече Земан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе