Земан оцени дека Ердоган, кога ќе го изгуби единствениот адут – трите милиони бегалци и отворањето нова „балканска рута“ повеќе нема да може да ја уценува Европа.
„Неодамна видов карикатура на која цела Европа беше покриена со натпис „Тука се нацисти“. Според содржината тоа е бесмислица, но карикатурата го покажува пристапот на Ердоган. Мислам дека таквиот начин на комуникација е несреќен, и дека само го потврдува мојот долгорочен став дека на Турција не ѝ е местото во ЕУ“, кажа Земан на прес конференција во Простејов.
Чешкиот претседател оцени дека Ердоган има еден единствен адут во раката со кој ја уценува ЕУ.
„Моето мислење, можеби цинично, е дека Ердоган има само една карта која може да ја игра со ЕУ, а таа карта се вика три милиони емигранти и отворање на „балканска рута“ со сите последици што ги носи. Но, кога ќе ја фрли таа карта нема повеќе да има со што да игра. Нема да може да ја уценува ЕУ ни со финансиски барања ни со укинување на визите“, заклучи Земан.