Зеленски: Украина ќе ѝ помогне на ЕУ да му се спротивстави на рускиот енергетски притисок

Украина се подготвува да го зголеми извозот на електрична енергија во Европската Унија за да ѝ помогне „да се спротивстави на енергетскиот притисок“ од Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

„Ќе го зголемиме извозот на електрична енергија за потрошувачите во ЕУ“, рече Зеленски.

Неговата изјава доаѓа еден ден откако земјите-членки на ЕУ се договорија координирано да ја намалат потрошувачката на гас и на тој начин да ѝ помогнат на Германија по драстичното намалување на руските испораки.

Украина и ЕУ ја обвинуваат Москва дека го користи гасот како економско и политичко оружје.

„И покрај војната, во рекордно време обезбедивме интеграција на украинските мрежи во европскиот систем. Нашиот извоз ни овозможува не само да ја зголемиме девизната заработка, туку и да им помогнеме на нашите партнери да му се спротивстават на рускиот енергетски притисок. Постепено ќе ја направиме Украина држава што ја гарантира енергетската безбедност на Европа“, рече Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе