Зеленски: Трпиме страшни загуби, потребно ни е оружје сега

Украинската војска трпи големи загуби во борбите со руските сили во источниот град Северодоњецк и во регионот Харков и потребно ѝ е противракетно оружје, кажа синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

EPA-EFE

Во своето синоќешно обраќање Зеленски истакна дека на Украина сега итно ѝ е потребно современо противракетно вооружување. Порача дека нема оправдување за тоа што партнерските земји ги одложуваат испораките на оружје.

Зеленски кажа дека дел од руските ракети ја пробиваат одбраната и предизвикуваат жртви. „Најжестоките битки, како и до сега, се водат во Северодоњецк и блиските градови и населба. Загубите, за жал, се болни“, истакна.

„Но, мораме да бидеме силни и тоа е исклучително важно за Донбас. Колку повеќе загуби ќе претрпи таму непријателот, помалку сили ќе има за продолжување на агресијата“, додаде.

Украина има „болни загуби“ и во регионот Харков источно од Киев, каде Русија ги зајакнува позициите откако неодамна беше потисната, според Зеленски. „На тоа подрачје борбите продолжуваат и ние мораме да продолжиме да се бориме, мораме жестоко да се бориме“, порача украинскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе