Зеленски се појави како холограм и ги цитираше „Ѕвездени војни“ (ВИДЕО)

Украинскиот претседател им се обрати на големите технолошки компании на Париската конференција појавувајќи се пред публиката во облик на холограм. Повикувајќи се на филмовите „Ѕвездени војни“ тој се обиде да измоли помош во борбата на својата земја против руската агресија.

Скриншот Јутјуб

Зеленски на саемот Виватек кажа дека Украина на технолошките компании им нуди единствена прилика да ја обноват земјата како целосна дигитална демократија. Побара помош околу аранжманите во кои се нуди помош без плаќање, под услов хардверот да биде вратен.

„Невообичаено е претседателите или шефовите на влади да користат холограм за да им се обратат на луѓето, но тоа не е единствениот аспект на „Ѕвездени војни“ кој го спроведуваме во пракса. Ќе ја поразиме Империјата“, кажа тој, споредувајќи ги руските сили со негативците во славниот филмски серијал.

Зеленски додаде дека неговата влада ќе изнесе конкретен план со кој ќе се воспостави дигитална влада на подоцнежната конференција во Швајцарија во следните недели. „Ниедна друга земја во светот нема да ви понуди прилика да ги користите најнапредните технологии на државно ниво. Тоа е експеримент и дигитална револуција, како и модернизација на постоечкиот систем во исто време“, кажа тој.

Украина успешно ја користи технологија за време на конфликтот со Русија, користејќи ја крипто-заедницата за собирање средства и успешно повикувајќи го милијардерот Илон Маск да ги снабди со инфраструктура за сателитски интернет услуги.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе